Македонија

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи, велат од компанијата.

Дневни податоци од независниот систем за мониторинг се достапни на специјализираниот EKO портал за животна средина на ТИТАН Усје на следниот линк: https://eco.usje.mk/mk/ . На оваа платформа се поставени и детални информации за активностите на компанијата во областа на животната средина – инвестиции и иновации во работниот процес, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива, како и студии и други материјали и корисни линкови од областа.
  • Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

  • Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

  • ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

  • Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

  • Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

  • Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима. ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Најнови вести од: Македонија

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

Охридското езеро денеска порибено со 100 илјади единки охридска пастрмка – во 2027 со уште 1 милион и 550 илјади

Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со сто илјади млади единки охридска пастрмка со просечна тежина од 4,2 грама, со што ќе биде заокружено порибувањето за оваа година – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Тој оцени дека досегашните резултати во обновувањето на популацијата на […]

ВМРО ДПМНЕ за случајот „Михаилова“: Како може невролог да дава мислење за хирургиски зафат во Бугарија?!

ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања до докторот Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев во врска со случајот со Ива Михаилова, барајќи одговори за медицинските постапки и одлуката за нејзино лекување во Бугарија.

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top