Македонија

Енчев: Македонија не смее да влезе во ЕУ, тоа би бил голем удар за Бугарија (ВИДЕО)

Го знае ли Филипче оргиналниот план за Македонија на бугарските разузнавачи и политичари

Поранешниот бугарски амбасадор и разузнавач Велизар Енчев во телевизиско интервју отворено изјави дека Бугарија не смее да дозволи влез на Македонија во Европската унија, бидејќи тоа би ја „институционализирало“ македонската национална идентичност и би претставувало сериозен стратегиски удар за Бугарија.

Во интервјуто од пред два месеци Енчев тврди дека „македонизмот“ е вештачки создаден и дека тој се зацврстува кај младите генерации во Македонија.

Според него, македонското население е мало (околу 1,6 милиони) и се намалува, додека албанскиот фактор расте, па единствената надеж за Бугарија е „одвојување на албанскиот фактор“.

„Единственото што не смееме да дозволиме е влегувањето на Македонија во Европската унија“, категоричен е поранешниот бугарски дипломат.

Енчев признава дека неговите ставови не звучат „политички коректно“, ниту „цивилизациски“, но смета дека друг начин Бугарија нема.

Тој ја оценува македонската идентитетска свест како длабоко вкоренета и оценува дека досегашните обиди за влијание не дале посакувани резултати.

Велизар Енчев, поранешен амбасадор на Бугарија во Хрватска, е познат по своите остри и националистички ставови кон македонското прашање.

Неговото најново интервју предизвика силни реакции во македонската јавност, особено во контекст на продолжените блокади и условувања од бугарска страна за европскиот пат на земјава.Ова е само најнов пример од отворената бугарска позиција која дел од македонските аналитичари ја толкуваат како обид за долгорочно спречување на полноправното членство на Република Македонија во ЕУ.

Видеото го објавува профилот БаронМК

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top