Македонија

Ескалира скандалот што го обзнани expres.mk – Компанијата ,,Кликни Јади” објави дека веќе не прима нарачки

Засега не е познат точниот број на ресторани кои што може да бидат погодени од овој случај ниту штетата која може да биде нанесена на бизнисот

Скандалот што денеска го обзнани expres.mk ескалира: откако компанијата Кликни Јади попладнево објави дека веќе не прима нарачки.

На својата веб страница Кликни Јади на која денеска не можеше да се нарача храна официјално објави дека на неопределено време ја суспендира услугата нарачка на храна.

,,Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Благодариме на разбирањето”, објави компанијата.

Предходно expres.mk објави дека речиси 300 скопски ресторани се во паника откако неколку дена никој од сопствениците не може да стапи во контакт со компанијата Кликни Јади.

 

 

Во моментов преку оваа компанија која беше една од водечките во бизнисот не се врши достава на храна и пијалоци не може да се нарача ништо.

 

Паниката меѓу ресторанџиите кои соработувале со Кликни Јади започнала пред неколку месеци кога компанијата почнала да забошотува со исплатата на храната која ја доставува кон крајните корисници.

 

 

,,Мислевме дека е привремен застој и дека соработката ќе продолжи без проблеми но од тогаш минаа месеци а компанијата не успева да го врати долгот кон мојот но и други ресторани. Добивавме уверување дека долговите ќе бидат расчистени но од пред неколку дена не можам да стапам во контакт со менаџерите со кои работам со години”, вели за expres.mk познат скопски угостител кој осака да остане анонимен а кој не сака да ја открие сумата која ја побарува за која нервозно вели дека е во рангот на ,,Боли глава”.

 

На сајтот на Кликни Јади денеска не може да се нарача ништо а на телефоните на компанијата не се јавува никој.

 

 

Според податоците до кои дојде expres.mk компанијата лани имала 129 милиони приход со пријавен профит од помалку од 6000 евра.

 

Поради принципот на работа на Кликни Јади според кој компанијата ги добивала парите од муштериите и подоцна ги префрлала на своите 300 партнери (како што стоеше во објавите на компанијата) ресторани и угостителски објекти сумата која што можат да ја загубат угостителите може да биде милионска.

Засега не е познат точниот број на ресторани кои што може да бидат погодени од овој случај ниту штетата која може да биде нанесена на бизнисот.

Првичната информација на expres.mk на овој линк

https://expres.mk/makedonija/ekskluzivno-panika-megju-skopski-ugostiteli-propagja-li-ogromna-kompanija-za-dostava-na-hrana/

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top