Македонија

ЕУ молчеше за Македонија а сега бара меѓународно право и принципи на ОН за Венецуела

Според потписникот на Стратешкото партнерство со САД во ЕУ има хипокризија и двојни стандарди

🇲🇰 Позицијата на Македонија во однос на апсењето на Мадуро од страна на САД е правилна смета потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кој како екс министер за надворешни работи во 2008 година го потпиша договорот за Стратешко партнерство со САД.

Милошоски потсетува дека кога Македонија ја доби пресудата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг 2011г. пола од европските лидери кои денес држат лекции за почитување на меѓународното право, тогаш молчеа и се правеа како за нашата држава да не важи меѓународната судска норма на највисокиот Суд на Обединетите Нации.

,,Пресудата дека малата Македонија во 2008, спротивно на меѓународното право, била попречена да добие покана за членство во НАТО, ја сметаа за небитна, а уште помалку за обврска која секоја држава членка на О.Н. треба да ја почитува.

Штом молчеа тогаш, нека си молчат и денес, бидејќи токму тие 5-6 европски држави со молчењето веќе го направија преседанот во однос на селективната (не)примена на меѓународните облигации за членките на ОН”, порачува Милошоски.

 

Според него по ова искуство на хипокризија, денес Македонија во однос на апсењето на Мадуро има сосем навремена и правилна позиција, изразена преку министерот за надворешни работи Муцунски.

,,Кратко и јасно, поддршка за администрацијата на нашите стратешки партнери од САД 🇺🇸 ! Светот влегува во нова геополитичка динамика и Македонија, како членка на ОН и на НАТО, легитимно и проактивно треба да си го следи својот интерес.

 

Истовремено оваа нова ситуација е добра шанса за мирна економска и демократска транзиција на Венецуела 🇻🇪 , која од автократија има добра прилика да стане демократија без политички затвореници, без нарко-картели и да биде стопански развиена држава во интерес на сите нејзини граѓани”, пишува Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на верата и почитта кон вековната традиција се одржа свеченото делење на Бадниковите гранчиња. Овој светол празник, кој ја симболизира тишината пред големата радост и ја најавува светлината на Христовото раѓање, уште еднаш ги обедини верниците околу вредностите на љубовта, смирението, надежта и семејното.

To top