Македонија

ЕУ од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара, вели Чавушоглу

ЕУ треба да биде искрена и отворена

ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполниле сите услови. Од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ, порача шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје.

Чавушоглу, кој учествуваше на првиот панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, изјави дека дополнителните условување надвор од преговарачките поглавја наметнати на Македонија и македонскиот народ, се нефер и сурови.

-Од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци. Тоа е нечуено и спротивно на основните вредности на ЕУ… Турција е за соработка и против создавање нови поделби на Балканот. Турција е подготвена да ги поддржи сите напори за мир, безбедност и економска соработка во регионот. Верувам дека ЕУ интеграцијата на регионот ќе забрза во иднина и НАТО ќе продолжи да игра значајна улога во Југоисточна Европа и Балканот – изјави Чавушоглу.

Според Чавушоглу, Турција е за реформа на меѓународниот систем и ОН, а верува дека и ЕУ треба самата да се реформира.

-Евроатлантските аспирации на балканските земји треба да бидат поддржани.  Верувам дека неискористениот потенцијал на Балканот треба да биде препознаен. Географски Балканот е мост меѓу Западот и Истокот и економскиот потенцијал е особено важен за развојот на поширока Европа. Кога северниот коридор повеќе не е алтернатива за трговија меѓу Азија и Европа, верувам дека коридорот „Појас и пат“ ќе станува се поважен и Балканот ќе биде дел од тоа – изјави Чавушоглу.

ЕУ, нагласи Чавушоглу, треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати и да ги отвори вратите ако ги исполнат сите услови.

-Верувам дека Црна Гора ги исполнува сите услови и верувам дека ЕУ земјите треба да одговорат зошто тоа не е така – изјави Чавушоглу.

Присуството на НАТО, според Чавушоглу и во иднина ќе биде клучно за одржување на мирот и стабилноста во регионот, но вели не треба се да очекуваме од сојузникот САД, туку и европските сојузници, исто така, треба да се присутни.

-Верувам дека безбедноста на Балканот, Европа и Турција е неразделна и затоа верувам дека евроинтеграциите, во овој регион се особено клучни и се надевам дека Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ во блиска иднина – изјави Чавушоглу.

На Меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што денеска и утре се одржува во Скопје, учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија 2009–2019, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA).

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top