Македонија

ЕУ почна да ја користи реториката на Сиљановска-Давкова, Мицкоски, Муцунски за проширувањето

За прв пат висок европски претставник излегува јавно со македонски позиции за проширувањето на ЕУ

Пред денешниот состанок на Советот на ЕУ, претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас користела зборови, позиции и тези на македонски лидери за темата проширување.

Калас денеска апелираше да не се билатерализира темата за проширувањето на ЕУ, но хрватскиот премиер Пленковиќ сепак ги најави 8те барања до Црна Гора како услов за поддршка доколку целта е успешно да се затворат преговорите за членство.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, ги повика земјите-членки да не дозволат националните спорови да ја попречат пошироката стратегија за проширување на ЕУ.

„Навистина е важно да не го билатерализираме процесот на проширување“, рече таа.

Калас која пред состанокот упати апел да не се „билатерализира“ проширувањето, за прв пат користи нешто што од Мај 2024 е постојано македонско барање.

Ова е ретка ситуација каде висок ЕУ претставник ги користи позициите на мкедонските лидери Гордана Сиљановска-Давкова, Христијан Мицкоски, Беким Сали и Тимчо Муцунски кои јавно и постојано бараат билатералните прашања да бидат одвоени од процесот на проширување на Европската Унија. Нивната заедничка политичка позиција е дека евроинтеграциите на земјата треба да се засноваат исклучиво на Копенхашките критериуми, реформите и принципот на заслуги, а не на идентитетски и историски спорови.

Гордана Сиљановска-Давкова како претседателка на државата во повеќе наврати, како за време на официјалната посета на Словенија, така и на средби со други меѓународни претставници, упати јасни пораки против „билатерализацијата“ на европскиот пат.

Таа нагласува дека „процесот на проширување на Европската Унија не треба да се билатерализира, особено кога тоа е врзано за идентитетски прашања за кои не се преговара“.
Според неа, внесувањето на вакви спорови во преговарачката рамка претставува сериозна пречка и е во спротивност со основните вредности и конститутивните акти на ЕУ.

На средбите со европските олеснувачи како европратеникот Томас Вајц, таа официјално ги поздравува ставовите дека билатералните прашања мора да бидат строго одвоени од формалниот пристапен процес.

Христијан Мицкоски какп Премиер континуирано ја застапува тезата дека оценувањето на напредокот на Македонија мора да биде објективно и насочено кон реформите дома, а не кон историските несогласувања со соседите.

Во своите јавни обраќања (вклучително и на социјалните мрежи и меѓународните самити), Мицкоски децидно изјави дека „процесот на проширување на ЕУ мора да остане доследен на принципите на доверба, предвидливост и еднаков третман, а не да биде оптоварен со билатерални прашања“.

Настапувајќи пред меѓународната јавност (како во Атлантскиот совет во Вашингтон), тој повтори дека суштината на процесот е Македонија да биде вреднувана според испорачаните институционални и економски реформи, додека националното достоинство, јазикот и идентитетот остануваат црвена линија за која нема да се преговара.

Тимчо Муцунски како Министер за надворешни работи и надворешна трговија официјално ја преточува оваа стратегија во македонската надворешна политика преку барање за „европско решение“ без нови условувања.

На меѓународните конференции (како „Европски дијалози“ во Скопје и Бледскиот стратешки форум), Муцунски порача дека „европската перспектива мора да остане кредибилна, предвидлива и заснована врз заслуги“.

Тој јавно ги критикуваше блокадите од Бугарија, означувајќи ги билатералните спорови како „непринципиелна пречка на нашиот европски пат“ и порача дека ЕУ не треба да дозволи различните толкувања на минатото да ја загрозуваат или ограничуваат заедничката иднина.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат когаш-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

To top