Македонија

ЕУ заинтересирана за Охридското езеро – додека Албанија истражува можност за рудници, Македонија во застој

Анализа на ЕУ покажува дека наоѓалишта на кобалт, кој е од особено значење за литиумските батерии, има во рударските области на Поградец, а резерви на бакар има во областите Лежа и Кукс. Од стратешките минерални суровини Албанија изобилува и со никел во Кукс, Девол како и во селото Червеник крај Охридското Езеро.

Албанија има низа рударски области богати со таканаречените критични минерални суровини, покажува анализата на Европската тренинг фондација, која е дел од институциите на Европската Унија. Со публикацијата биле проценувани капацитетите кои ги поседува земјата во однос на суровините што ѝ се потребни на Европа за своите индустрии.

Во студијата најпрвин се споменува кобалтот, кој се наоѓа во рударските области на Поградец, а овој материјал е од особено значење за литиумските батерии, кои се важен дел од електричните автомобили и смарт телефоните. Понатаму, се потенцира бакарот, односно резервите на овој клучен минерал во областите Лежа и Кукс. Бакарот е од особено значење за низа сектори, од енергетика до градежништво.

Според пишувањата на албанскиот медиум „Монитор“, од стратешките минерални суровини Албанија изобилува и со никел во Кукс, Девол, селото Червеник крај Охридското Езеро, Прењас и Либражд како наоѓалишта од класа Ц и наоѓалиште од класа Б во Девол.

Според Директивите на ЕУ за критични суровини од 2024 година, се очекува вкупната побарувачка за критични суровини да се зголеми шесткратно до 2030 година и седумкратно до 2050 година. За некои материјали, проекциите се уште повисоки – на пример, се очекува побарувачката за литиумски батерии во ЕУ да се зголеми 12 пати до 2030 година и 21 пати до 2050 година. Овие суровини играат важна улога во зелената и дигиталната транзиција, како и во одбранбениот и воздухопловниот сектор на ЕУ.

Следејќи ги чекорите на Европската Унија, Македонија се очекува засилено да трага по критични минерални суровини по усвојувањето на новите закони за рударство и геологија. Универзитетскиот професор по геологија Соња Лепиткова, во гостување на Телма ТВ, неодамна истакна дека отворањето на рудници е политика и на Европската Унија и тие можат да ѝ овозможат економска стабилност на Македонија.

  • Излезе новиот документ на ЕУ, во кој експлицитно се кажува дека Европа мора да влезе во нови инвестиции, во нови истражувања, во отворање на нови рудници и одредени високоразвиени европски држави, членки на ЕУ; кон тоа многу сериозно приоѓаат. Еве само за пример, се отвора рудник на Халкидики, во Грција, се отвораат рудници и во Франција во заштитени подрачја, така што развојот на одредени технологии кон коишто сите ние се движиме не може да оди напред ако немаме минерални ресурси коишто тоа ќе го следат – вели Лепиткова.

Според неа, новите рудници можат да ѝ обезбедат економска стабилност и развој на Македонија и ако се земе бакарот како најважен критичен минерал, којшто е важен за енергетиката во сите сфери на пренос на енергија, тој има висока цена и може да овозможи голем потенцијал.

  • Европа веќе ги донесе директивите за критични минерали и Европа го стави бакарот во критичните минерали. Ако пред две-три години бакарот не беше во критичните минерали, сега Европската Унија го стави и во таа Директива. Тоа кажува дека сите документи за рудници треба да се обезбедуваат во позабрзана процедура, да не се чека толку долго и тие кажуваат дека бакарот не е толку штетен минерал и елемент како што пред тоа се мислело – потенцира професорката.

Лепиткова додава дека мора да се следат научните достигнувања. Во Македонија 40 години се нема отворено нов рудник, освен Боров дел, како продолжение на серијата на рудникот Бучим за ископ на бакар. Во моментов единствена сериозна инвестиција во рудник за бакар е во Иловица. Во Стратегијата за минерални суровини на МАНУ се нагласува дека Македонија поседува значително количество на овој критичен минерал.

Инаку, поради „монополот“ на пазарот кој го има Кина за клучните минерални суровини, Европската Унија веќе распиша втор конкурс за финансиска поддршка за рудници на европско тло кој трае до 15 јануари. Брисел финансира ископ и преработка на литиум, бакар, кобалт, никел и други минерали без кои не е можна зелената транзиција. Поконкретно – изградбата на ветерници, соларни панели, електрични возила и друго. Бакарот беше клучен минерал и во т.н. трговска војна помеѓу САД и Кина, па оттаму цената за овој минерал изминативе недели достигна рекорди, а прогнозите се дека и во иднина ќе расте поради големата побарувачка и сѐ помалата експлоатација.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, а за укинување на техничката влада да се консултираат ЕУ и САД

„Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнерите кои се коавтори на текстот за Пржинската влада – ЕУ и САД.“ – посочи Ахмети.

Загина тетовецот Обрад Стојановиќ (76) во запалениот стан, син му повреден

Починатиот Обрад Стојановиќ 42 години работеше како наставник по практична настава во Средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски-Амбарче“, во Тетово. Еден е од основачите на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и негов прв претседател.

Мицкоски: Компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине

„Денеска јавноста беше сведок на поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби не се случувало во изминатите 35 години државност, а тоа е преку плодна дискусија во оваа лидерска средба и во дебата, која во одредена мерка беше полна со предлози и идеи.“ – изјави денеска претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој истакна дека средбата била конструктивна. „Голем дел од отворените прашања се отворија. За поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење и заеднички јазик, за еден дел, нормално, позициите ни се разликуваат. Но, она, што за мене важно е преку една ваква дискусија, во која што сите чинители присутни на оваа лидерска средба, кажаа јавно дека таа средба била конструктивна.“ – нагласи Мицкоски. „Македонските граѓани во овој период на празници можеа да видат поинакво однесување од политичките чинители, зрело и конструктивно однесување, кое значи надминување на проблемите.’ – додаде тој.

Прв смртен случај со грип сезонава, почина 75 годишна жена – во првата седмица од јануари 1725 грипосани во земјата

Од Институтот за јавно здравје велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот.

Дурмиши: Засега нема причина да се воведе ограничување за цените на храната

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека засега нема причини да се реагира и да се воведе ограничување на цените на храната, затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. 

Македонската метрополола и нејзината култна фонтана „Лотос“ во Градскиот парк си го враќаат сјајот: почна целосната реконструкција!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека започната е целосна реконструкција на фонтаната сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено.

Макрон вели „ќе има невидени последици“, ако Трамп ја преземе контролата над Грендланд!

„Ако суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот во средата, алудирајќи на заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица со голема духовна радост, најбројни во селото Леска

Македонците во Албанија традиционално го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година според јулијанскиот календар. Најмасовно присуството на верници, од сите делови на Мала Преспа и пошироко, беше во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде што со голема чест и духовна радост го одбележаа празникот, кој е патрон на овој божји храм. Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Во Пустец коледарски оган беше запален на плоштадот, во близина на црквата „Свети Архангел и Михаил”.

Најнови вести

To top