Македонија

Европа – со хидро, со ветер и со сонце се намалува увозната зависност за струја

Сè уште не можеме без увоз кога сонцето заоѓа, ветерот стивнува или јагленските котли влегуваат во ремонт

Македонија не беше само сведок на енергетските кризи во Европа, туку ги почувствува и на „сопствена кожа“. За да ги намали последиците врз животниот стандард на граѓаните, како и врз бизнис секторот, државата користеше поддршка од фондови на ЕУ, кои беа наменети за државите од Западен Балкан. Во 2024 година државата обезбеди 6 129 GWh електрична енергија од сопствени извори и мораше да увезе приближно 11% од потрошувачката. За првпат во домашното производство во 2024 година обновливите извори сочинуваат 56 % од инсталираната моќност. Но бројките откриваат дека миксот од старите централи и новите производтвени капацитети не се доволно. Сè уште не можеме без увоз кога сонцето заоѓа, ветерот стивнува или јагленските котли влегуваат во ремонт.

Како тоа го прават развиените економии во Европа

Едноставно колку повеќе и подиверзифицирани домашни извори, толку помал увоз и поголема енергетска сигурност.

Домашните капацитети во Австрија во 2024 година обезбедија околу 73 TWh, од што 57,7 TWh се од обновливи извори. Државата била нето-извозник на струја 243 дена во годината. Благодарение на Алпските акумулации и значајниот број и на мали хидроцентрали што работат на нејзината територија, хидропотенцијалот лани обезбеди околу 60 % од целата австриска струја. По обилните врнежи во јануари 2024 хидроелектраните покрија 86 % од побарувачката, што ѝ овозможи на земјата да биде нето-извозник токму во зимскиот пик.

Особено е интересна состојбата со Швајцарија каде стремежот е да се потпрат на зелена енергија. Швајцарија беше нето – извозник во 2024 година, со вкупно производство од 68 TWh наспроти околу 60 TWh потрошувачка. Интересно е дека во 2024 година хидропотенцијалот обезбедил дури 57 % од проиведената електрична енергија. Швајцарија традиционално ја балансира сопствената мрежа и продава пикови во ЕУ. Иако зимските месечни дефицити бараат увоз, хидроостанува ’кичма‘ на системот.

Линк до целиот текст.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

To top