Македонија

EXIT сепак доаѓа во Македонија – Македонската публика од почетокот на фестивалот е една од најверните

Откако СДСМ и нивни блиски медиуми обвинија дека Ѓорѓиевски лаже дека ќе го донесе фестивалот дојде одлука дека Скопје станува фестивалска дестинација

Фестивалот EXIT започнува со подготовка за организација на големиот концертен настан кој треба да се одржи во Скопје идната година.

Од Фестивалот пред малку објавија дека плановите за реализација на фестивалот се веќе започнати.

Македонската публика од почетокот на фестивалот е една од најверните и затоа во партнерство со локални промотери, локални организации, музичари веќе идната година да почнеме голем фестивал во Скопје и да помогнеме престолнината на Македонија да стане една од водечките фестивалски дестинации во Европа.

Откако СДСМ и нивни блиски медиуми обвинија дека идниот извесен градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски лаже дека ќе го донесе фестивалот дојде одлука дека Скопје станува фестивалска дестинација.

Имаме големо задоволство што добивме покана Скопје да стане дел од фестивалскиот семејство на EXIT на градови каде организираме фестивали, објавија организаторите на фестивалот.

Младинскиот туризам генерира преку 300 милијарди евра годишно на светско ниво а фестивалскиот туризам го чини неговиот најжив дел.

Само EXIT на Нови Сад и Србија им носи 300 милиони евра годишно а сите наши настани во регионот носат значителни економски ефекти, велат од EXIT.

Речиси сите европски престолнини се веќе домаќини на големи фестивали кои во значајна мерка придонесуваат за развој на туризмот и брендирање на дестинации и Скопје заслужува да се најде меѓу нив, порачуваат од фестивалот образложувајќи ја одлуката идната година главниот град на Македонија да биде концертна дестинација за стотици илјади луѓе кои ќе уживаат во десетици концерти на светски и регионални музички ѕвезди.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top