Македонија

Фандакова контра Муцунски: Кршењето на стаклото на амбасадата не било изолиран чин

Шефицата на Комисијата за надворешна политика на бугарското Собрание не се согласува со шефот на македонската дипломатија

Јорданка Фандакова, претседателка на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија, не се согласува со констатацијата на македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски дека кршењето на стаклото на бугарската амбасада во Скопје пред неколку дена било изолиран чин.

„Овој чин не е изолиран, индивидуален чин на вандализам, туку е директна последица на континуираната неказнивост, на толерираниот и поттикнуван говор на омраза во Република Северна Македонија против Бугарија и бугарската заедница. Недостигот од систематско гонење и соодветни системски казни за претходните, веќе многубројни напади врз претставници и организации на бугарската заедница одржува целно насочена атмосфера во Северна Македонија, во која ваквите злосторства и говор на омраза не само што не се спречуваат, туку се охрабруваат и очигледно се зголемуваат.

Како претседател на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија, остро го осудувам овој чин. Тоа не е само удар врз дипломатското претставување на соседна земја на Северна Македонија, членка на Европската унија, туку и врз напорите на Бугарија да живее и да се развива во услови на добрососедски односи, врз европската перспектива на Република Северна Македонија кон која изјавува дека се стреми, и врз европските вредности, меѓу кои е и владеењето на правото“, рече Фандакова на денешната прва седница на Комисијата годинава.

Ден по кршењето на стаклото од влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, македонското Министерство за внатрешни работи го уапси каменувачот, кој, неофицијално, не е од македонска националност.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top