Македонија

Фатен во обид да прошверцува 130 килограми марихуана во земјава

Српски државјанин управувал камион со словенечки регистарски таблички, додека дрогата била скриена во 14 торби

Основното јавно обвинителство во Куманово бара притвор за српски државјанин, откако бил фатен б=во обид да прошверцува околу 130 килограми марихуана.

Според Обвинителството, српскиот државјанин управувал камион со словенечки регистарски таблички, додека дрогата била скриена во 14 торби.

„На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски таблички, се обидел да премине 129,7 килограми наркотична дрога – марихуана.

Дрогата, сместена во 14 торби скриени во камионот во сопственост на транспортна компанија од Словенија, била откриена од страна на царинските службеници при претрес на возилото“, соопшти Обвинителството.

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top