Македонија

Планинарската федерација бара да се пронајдат виновниците, по скандалозното уништување на зимската маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв

Дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништена, оштетена или отстранета, со што директно се за загрозува безбедоста на планинарите и го попречува локалниот развој, информираат од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Оттаму укажуваат дека повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни по безбедноста на планинарите.

„Во услови на снег, магла, силен ветер и намалена видливост, летната маркација честопати е покриена или воопшто не е видлива. Тогаш зимските столбови претставуваат клучни точки за ориентација и следење на безбедната рута. Кога маркацијата исчезнува, не исчезнува само еден столб. Исчезнува точката што може да му покаже на човекот каде да продолжи кога планината околу него повеќе не е препознатлива.“ – велат од Федерацијата. Столбовите на зимската маркација се означени со црвена и жолта боја бидејќи овие бои обезбедуваат најсилен визуелен контраст на зимски терен – практика што се применува во многу европски планински региони и е застапена и во националните правила за планинарски патеки.

Од Федерацијата на планинарски спортови посочуваат и дека уништувањето на планинарската маркација претставува и уништување на туристичка инфраструктура неопходна за развојот на планинскиот и активниот туризам. „Тоа директно се спротивставува на целта на Националниот парк Шар Планина и локалните општини, прекрасната Шар Планина да ја направат атрактивно, одржливо и безбедно место за посетителите, кое ќе придонесува за локалниот економски развој и ќе биде од корист за селата во околината. Уништувањето дополнително ги доведува во прашање меѓународниот ангажман и поддршка.“ – велат оттаму.

Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пиварница, а спроведен од и финансиски поддржан од компанијата „Одржливи авантуристички патувања“ и од „Организацијата за одржлив развој“ САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Република Македонија.

Зимската маркација беше поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложија значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата.

Финансиската вредност на штетата се проценува на најмалку 8.000 евра (500.000 денари). Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа за Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници. Случајот е пријавен во Полициската станица на Попова Шапка.

На 19.08.2026 година, стручен тим на полицијата, во присуство на претставници на Националниот парк Шар Планина, изврши увид на теренот и ги документираше локациите на кои беше утврдено оштетување и отстранување на опремата. Од Федерацијата сега очекуваат надлежните институции да ги утврдат сите околности и да постапат согласно со закон, со сериозни последици за оние што го сториле ова кривично дело.

Најнови вести од: Македонија

ИНА: Од јануари-јуни 2025 Ахмети од ДУИ и Тачи од ДПА најпасивни во Собранието, немале никакви дискусии и не изнеле ниеден предлог!

„Податоците од платформата Pratenici.mk укажуваат на пратеници со многу ниско учество во парламентарните активности во првата половина од 2025 година. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи во тој период никогаш не се појавиле на дискусија во Собранието, не предложиле закон, или амандман, и не биле членови на ниту една парламентарна комисија. Ахмети учествувал само на три седници, додека Тачи на четири седници.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“.

„Револуционерни спомени“ на Ахмети: Во 1981 бев уапсен во Кичево и во затвор 60 дена, ама во мај 1984 УДБ-а не ме фати, иако ме опколи!

„Али Ахмети изнесе јавно признание за неговите апсења во текот на годините 1981-1982, за активноста на албанските студенти и влијанието на убиствата на Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала врз албанското движење од тоа време.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Зошто Османи ја лаже јавноста користејќи лажни вести на бугарски антимакедонист, прашува заменик спикерот

Лажната вест дека Македонија нема да добие бесплатен роаминг прв ја објваи бугарскиот портал Вестимак.мк кој на македонски јазик објавува антимакедонски статии. Овој портал го контролираат луѓе од Софија и Виктор Стојанов од бугарската фондација ,,Македонија”.

Најнови вести

To top