Македонија

Фетаи: Трајно е затворена депонијата кај Никуштак по 24 години загадување на околината, ДУИ не презеде ништо за тоа

Оваа депонија сериозно влијаеше врз животната средина и здравјето на жителите на селата Никуштак, Арачиново, Грушино и Орланце.

„Озлогласената депонија кај Никуштак, која 24 години беше извор на загадување и опасност по здравјето на жителите на општина Липково, е трајно затворена. Веста ја соопшти вицепремиерот Арбен Фетаи, нагласувајќи дека овој долгогодишен проблем сега е затворено поглавје.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму порталот наведува: „Оваа депонија сериозно влијаеше врз животната средина и здравјето на жителите на селата Никуштак, Арачиново, Грушино и Орланце. Покрај загадувањето на почвата, водата и воздухот, честите пожари што избувнуваа речиси секоја недела, сериозно ја загрозија безбедноста на патниците на регионалниот пат Липково-Куманово-Скопје, дури и предизвикувајќи дури и трагични случаи.“

„ДУИ беше дел на власта две децении, но не презеде никакви конкретни чекори за решавање на проблемот, и покрај постојаните ветувања во изборните кампањи. Иако оваа партија имаше министер за животна средина од оваа област, поранешниот потпретседател на ДУИ Садула Дураку, не беше понудено никакво решение за проблемите на граѓаните.“

„Сегашнава влада и Вреди како нејзин дел конечно ја затворија оваа нелегална депонија за помалку од една година. Ова темно поглавје сега ѝ припаѓа на историјата. Областа ќе биде санирана и зазеленета, враќајќи се во хармонија со околните природни убавини. Ние сме тука за граѓаните и за нивно добро.’ – рече Фетаи.“

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top