Македонија

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

Постапката е отворена поради основано сомнение за финансиска измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Според ФФМ, исплатата била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор, надвор од понудата и надлежностите, како и без обезбедена банкарска гаранција.

Управниот одбор оцени дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и дејствување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени штетни последици врз угледот и финансиското работење на федерацијата.

Дополнително, донесена е одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.

Ревизијата ќе опфати проверка на почитувањето на роковите, процедурите и критериумите за учество на едукативните модули и за издавање лиценци. Посебно ќе се испита начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца – ревизија што тој самиот ја побарал.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top