Македонија

Филипче: Герасимовски ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Со својата работа и освоениот втор градоначалнички мандат актуелниот прв човек на Центар ја оправдал довербата на граѓаните, вели лидерот на партијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе го предложи градоначалникот на Општина Центар за нов потпретседател на партијата.

Информацијата Филипче ја објави на социјалните мрежи, истакнувајќи дека Герасимовски со својата работа и освоениот втор градоначалнички мандат ја оправдал довербата на граѓаните.

„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, напиша Филипче на Фејсбук

Најнови вести од: Македонија

To top