Македонија

Филипче го дефинира предавството додека славеше 35 години СДСМ

Лидерот на „државотворната“ партија што ѝ го смени личниот опис на Македонија го впери прстот кон „предавниците“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја искористи свечената седница на Централниот одбор по повод 35 години од формирањето на партијата за уште еднаш да ја сподели со јавноста сопствената дефиниција за предавство.

„Закочениот европски пат е најголемото предавство кон иднината на Македонија“, порача пред сопартијците првиот човек на „државотворната“ партија, за кого не би било предавство впишувањето на Бугарите во македонскиот устав без гаранции дека тоа е последнаата уцена кон Европската Унија, ниту е предавство промената на името на државата заради влез во ЕУ, наместо што ветото од Грција го замени тоа од Бугарија.

„Денес Македонија повторно е пред голем испит. ЕУ патот е закочен. Отворено и бессрамно ни кажуваат дека тоа ќе трае и натаму со децении, божем како заштита на националните и државни интереси. Тоа е безобѕирна лага“, додаде тој.

„На нивна страна е срамот! А тоа е страната на предавството на националните интереси, на антиевропските политики“, истакна Филипче, мислејќи на власта.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top