Македонија

Филипче и Ахмети здружени одат на избори

Коалиција пред локалните избори

Филипче се враќа во прегратките на Ахмети. Лидерот на СДСМ најави дека во првиот круг од изборите неговата партија ќе настапи самостојно, односно со својата коалиција на сателити, но дека за вториот круг ќе разговара за можна соработка или коалиција со некоја од партиите на Албанците. Имајќи в предвид дека односите со „Вреди„ им се како на нож, се претпоставува дека коалицирањето би било со нивниот долгогодишен партнер ДУИ.

“Во однос на коалициите, во првиот круг на изборите настапуваме со нашата постоечка коалиција, а во однос на вториот круг на изборите ќе разговараме и со другите партии од албанскиот блок.”- изјави Филипче.

Интересно е што СДСМ размислува да се сврти повторно кон ДУИ, затоа што во изминатиот период, по падот на нивната влада, Филипче но и други социјал-демократи се оградија од Ахмети, па дури го вперија прстот кон него како виновник за тоа што ја загубиле власта. Признаа дека биле сервилни кон Интегративците, а тие ја злупотребиле нивната широчина. Сегашното признание дека се враќааат во прегратките на ДУИ оди во прилог на тезата дека двете партии заедно имаат црно сценарио за враќање на власт. Тоа предвидува преку освојување на општините Чаир и Гостивар, интегративците некако да стигнат до Илинденска.  Работат на повторување на сценариото од 2008 и 2017 година, кога Ахмети насила влезе во владата на ВМРО-ДПМНЕ, па одвнатре, како тројански коњ ровареше. Успеа да ја урне власта, и си го прибра својот призвезок СДСМ во владатата. Неофицијално, планот сега е ист. Проблемот им е што Премиерот Мицкоски го предвиде ова црно сценарио. Соочен со ова, Филипче не штедеше време да ги демантира овие тези.

„Причината е јасна, едноставно, тој нема со што да се пофали. Нема ниту еден успех кој може да го презентира, нема никаква добра политика. Сите гледаме што се случува во економијата – постои криза во буквално секој сектор. Евроинтегративниот процес е целосно заглавен, земјата назадува во поделби и меѓунационални тензии, што е исклучиво резултат на политиката што ја води оваа влада. Нема напредок ниту во образованието, ниту во земјоделството. Сите добри мерки и политики практично престанаа. Премиерот нема што друго да направи, освен да се обидува да создава впечаток дека постојат сценарија за дестабилизација“, изјави Филипче.

Какви информации и материјали поседуваат ДУИ за Филипче и Заев, за да тие не можат да се тргнат од скутот на Ахмети, и да се враќаат на криминали, прашаа од вмро-дпмне.

“Како што тврдевме, така и испадна. Денеска Филипче јавно најави коалиција со ДУИ. Прашањето е едноставно: Што толку има ДУИ за него и за Заев, за да не можат да се тргнат од нивниот скут? Секојдневно зборуваат за „ново раководство“ и „автентични одлуки“, а на крајот повторно се враќаат кај старите партнери во криминал и во корупција. Најголемата вистина е дека СДС нема што да понуди: нема политика, нема програма, нема енергија. Затоа единствената нивна стратегија е хаос, дезинформации и клевети.”- изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ најави дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната ќе бидат објавени имињата на преостанатите кандидати за градоначалници. На прашањето дали независните кандидатури може да повлечат нивни гласови на изборите, Филипче не одговори, но посочи дека лично ја поддржува волјата на независните.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top