Македонија

Филипче: Имаме чиста преговарачка рамка, не ни се загрозени идентитетот и јазикот, но треба да се почитуваат малцинските права на Бугарите и да влезат во Уставот?!

– Имаме чиста преговарачка рамка, во рамките на тоа треба да се почитуваат малцинските права, затоа Бугарите треба да влезат во Уставот како едно малцинство од многуте, покрај Хрватите и така натаму. И понатаму, Историската комисија која што треба да си работи, што не е нешто ново. Многу земји имале такви историски комисии.– рече лидерот на СДСМ Венко Филипче денес на прес-конференција.

Според Филипче, „Историската комисија не е основа за нова или каква било блокада понатаму во процесот на интеграција“. „Како може да е Историската комисија предмет на блокада? Невозможно е тоа. Зошто би била? Историската комисија се охрабрува да работи и треба да одлучува со консензус. Значи, не може некој да ни наметне некое решение за ревизија на историјата, ако нашите членови во Историската комисија не се согласуваат со тоа, ако има таква тенденција, еве да кажеме. Таа комисија решава со консензус.“ – рече Филипче.

Лидерот на СДСМ изнесе тврдење дека, наводно, не се загрозени ниту македонскиот јазик, ниту македонскиот идентитет. „Што е загрозено? Впрочем претседателката  потврди дека ништо не е загрозено, напротив, дека се потврди идентитетот, јазикот и така натаму. Нека си ја праша Гордана Силјановска .“– изјави Филипче.

Според него, иднината и местото на Македонија е во Европа, а за да се бориме за малцинствата во други земји има и други механизми, како што е Судот за човекови права во Стразбур, Европскиот парламент. „Понатаму за Македонците во Бугарија може да бидеме многу посилни кога ќе влеземе во Европска Унија. Е така ќе се избориме за нив и за нивните права. Кога ќе бидеме рамноправна земја членка во Европска Унија, можеме многу од посилна позиција политичка од оваа сега да ја прашаме Бугарија зошто не ги почитува пресудите на Судот во Стразбур. Така е бори за нацијата.“ – вели Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top