Македонија

Филипче „на кафе“ кај Ахмети во Мала Речица пред лидерската на Мицкоски

Пиеле кафе

Широк опозициски фронт за ЕУ во кој би се вклучил Али Ахмети и неговата ДУИ , ова според неофицијалните информации на ТВ 24 на лидерот на интегративците му го понудил првиот опозиционер Венко Филипче на состанок во Мала Релица ден пред лидерската средба на која домаќин беше премиерот Христијан Мицкоски.

Според неофицијалните информации, средбата била на барање на Филипче и се случила неколку часа пред Генералниот Совет на ДУИ да одлучи Ахмети да оди на лидерската средба со Мицкоски.

Нема детали дали во понудата на Филипче имало и барање и Ахмети да му се приклучи во бојкотот на лидерската. Тв 24 побарале став од првиот опозиционер за што разговарал со Ахмети и зошто средбата не била најавена, но Филипче само ја потврди без да открие детали.

Венко Филипче СДСМ: Средба имаше, но не би коментирал за деталите.

Дека првиот опозиционер по расколот со ДУИ, на локалните избори, каде што Филипче во одредени општини неформална ги поддржа Вреди, освен на дополнителните избори каде отворено застана зад кандидатот на Арбен Тараври кој е дел од коалицијата на Ахмети, се побидува да ги затопли односите со Мала Речица за тв 24 потврдил висок патиски функциопнер и од ДУИ . Тој потврдува дека Филипче му понудил соработка на неговиот лидер во проЕУ фронт .

Пред седницата на генералниот совет претседателот Али Ахмети се сретна со претседателот на СДСМ Венко Филипче на негово барање. На состанокот Филипче на претседателот му понудил соработка во “европски опозициски фронт“, изјавил за ТВ 24 висок функционер на ДУИ

Официјално од ДУИ воздржани, ниту потврдуваат ниту демантираат.

Т.н европски опозициски фронт меѓу СДСМ И ДУИ како идеја ја најавуваше и претходникит на Филипче, Димитар Ковачевски пред изборите во 2024, но идејата пропадна откако Ахмети ја одби понудата и реши да направи свој фронт со помаките партии на Албанците и самостојно со нив да настапи на изборите и да има и свој кандидат за Претседател на државата .

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top