Македонија

Филипче нема проблем неговите гласачи да заокружат за лице од црната листа на САД

Кој е овде политички неискусен, докторот или докторката?

Ја обвини својата кандидатка за градоначалник на Карпош за политичко неискуство а самиот влезе во замка која го носи во конфликт со официјален Вашингтон.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче нема проблем неговите гласачи да заокружат за лице од црната листа на САД ниту да гласаат за човек кој според Вашингтон е длабоко корумпиран.

 

Дали Филипче влегува во необјавена  војна со официјален Вашингтон свесно или поради политичко неискуство засега не може да се каже.

 

Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг, секој член, граѓанин и симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој, рече денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.

 

Во тие општини СДСМ нема да навлегува ниту досега навлегле, како што рече Филипче, во некакви калкулации и заткулисни договори.

Тој соопшти дека СДСМ нема формална соработка ниту разговори со ниту една партија за избор на градоначалник на Скопје каде во вториот круг се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и на Левица Амар Мециновиќ.

, Немаме формална соработка ниту разговори со ниту една партија, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со Левица. Нашите членови и симпатизери нека одлучат врз основа на тоа кој сметаат дека ќе може подобро да го води градот”, рече Филипче.

 

СДСМ нема договор за поддршка ни на Стевчо Јакимовски во Карпош, иако беше објавена заедничка фотографија на кандидатката на СДСМ Маја Мојсовска од првиот изборен круг со Јакимовски.

 

Денеска Филипче не искажа противење неговите гласачи да го поддржат Стевчо Јакимовски кој е на цр ата листа на САД.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top