Македонија

Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е

Луксузен одмор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во странство.

-Сметам дека имам легитимитет и кредибилитет, цел живот работам за граѓаните, како доктор, како министер и за стандардот, во владата која седев носеше мерки за платите, платите на докторите се зголемија за 150%, сега платите се 150.000 имам право и ќе продолжам да се борам за стандардот. Тој систем на пропаганда кој е присустен, ме обвинуваа за куќа во Нерези, излезе дека не е вистина, дека имам џип не е вистина, дека имам зграда во Дубаи и авиокомпанија не е вистина, дека имам јахта не е вистина, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали се консултитира со поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, Филипче негира и вели дека одлуките ги носат со потесното раководство на партијата.

-Не, Зоран Заев повеќе не се занимава со политика, моите одлуки ги градиме со раководството, со потесното раководство на Извршниот комитет и се автентични одлуки на новото раководство на СДММ, вели претседателот на опозициската партија.

Инаку, како што неодамна објави порталот Плусинфо, Филипче беше уловен на луксузна јахта на Халкидики во Грција заедно по поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top