Македонија

Филипинка до Грк: Има една Македонија во светот, не мешај регион со земја

„Патувачкиот дневник на Алма“ поле за некултурен натпревар меѓу мрчатори од кај јужниот сосед на Фејсбук

Алма Галипосо Стивенсон, Филипинка што патува низ светот и потоа објавува фотографии и видеоролни на својата Фејсбук-страница „Патувачкиот дневник на Алма“ со над 14 илјади следбеници, не им останува должна на Грци што мрчат под нејзините постови за убавините на Македонија.

Дел од нејзините одговори што го навлекоа гневот на грчки корисници на социјалната мрежа, со кои неретко се солидаризираат и бугарски:

„Почитуван г-дине ЛС, знам каде се наоѓа прекрасната земја Македонија. Постои само една ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰 во светот 🌍 ❤️👍 Што се однесува до вашиот регион Македонија, нека не ве збунува дефиницијата за регион и земја🤪🫢🤣 (мир со вас ✌️и имајте убав ден!) #живот #реалност #macedonia“.

„Што? Вашиот регион Македонија е добро познат? Навистина 🤔 Не мислам така!! Не можете да бидете и Македонец 🇲🇰, и Грк, освен ако немате двојно државјанство“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top