Македонија

Физичка пресметка меѓу мајка и ќерка пред угостителски објект во Кавадарци

Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во […]

Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во Кавадарци, таа и нејзината 65-годишна мајка О.А., го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР – Велес.

Исто така, како што истакнаа од СВР – Велес, Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници, кои вршеле службени дејствија, односно постапувале по пријавата.

-Ј.Ч. е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави, нагласија од СВР – Велес.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Достоинствено, како што доликува – Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска

Во просториите на Град Скопје се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, каде протоколарно се сретнаа доскорешната градоначалничка Данела Арсовска и новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Уапсен е Илија Стоилев директор на Агенцијата за финансиска поддршка

Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, е уапсен денеска под сомнение за земање мито, во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) .

To top