Македонија

ФизиоС Плус – прв центар за физикална медицина и роботска рехабилитација со најсовремена технологија и индивидуален пристап

Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“

Приватната здравствена установа за физикална медицина и роботска рехабилитација „ФизиоС Плус“ започнува со работа како современ центар во кој стручната медицинска проценка, класичните физикални методи и напредните роботски технологии се обединуваат во индивидуално приспособени програми за пациентите. Центарот е создаден со цел да понуди јасен и стручно воден пат кон функционално закрепнување, подобрување на подвижноста и враќање на самостојноста. Услугите на центарот се наменети за лица со невролошки и мускулоскелетни состојби, пациенти по мозочен удар, операција или повреда на ’рбетниот столб, како и за лица со Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, церебрална парализа, ограничена подвижност, хронични болки, спортски повреди и нарушувања на рамнотежата.

Третманите комбинираат физикална терапија, електротерапија, магнетотерапија, ласерска терапија, терапевтски вежби, роботска рехабилитација и други современи методи. Центарот ќе нуди и пристапи за вестибуларни и уролошки проблеми, меѓу кои вртоглавица, нестабилност, инконтиненција, ургентност, зачестено и ноќно мокрење, како и неинвазивна невромодулација и функционална проценка. „ФизиоС Плус“ располага и со роботски асистираната рехабилитација, Lexo, роботски систем за тренинг на одењето, кој е единствен од ваков вид во регионот.

Системот е наменет за пациенти со нарушено одење и овозможува контролирано и повторливо вежбање на правилната шема на движење, со приспособување на интензитетот и поддршката според функционалните можности на секој пациент. Во центарот е достапна и современа технологија за проценка и третман на проблеми долж ’рбетниот столб. SpineLiner овозможува прецизна проценка на одделни сегменти на ’рбетот и контролирана механичка стимулација со приспособена сила. Методот може да се применува кај пациенти со болка и напнатост на паравертебралната мускулатура, дискус-хернија и функционални или постурални нарушувања, секогаш по претходна лекарска проценка.

„ФизиоС Плус е создаден со цел на пациентите да им овозможиме пристап до современи методи што досега најчесто ги бараа надвор од земјата. Со индивидуална проценка, стручно водена терапија и примена на роботски системи сакаме да им помогнеме повторно да ги активираат изгубените функции, да бидат понезависни и да имаат подобар квалитет на живот“, вели д- р Павлина Будиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација во ФизиоС Плус.

Дијагностичкиот и терапевтскиот пристап ФизиоС Плус е дополнет со еходијагностика за проценка на мускулите и меките ткива, како и со Shockwave терапија кај одредени хронични болни состојби, промени на тетивите и калцификати или остеофити. Секој пациент во ФизиоС Плус ќе добива програма според дијагнозата, возраста, функционалниот дефицит, моменталната подвижност и личните цели. Во процесот, зависно од потребата, може да бидат вклучени физијатар, физиотерапевт, логопед и други стручни лица, бидејќи успешната рехабилитација не зависи само од апаратот, туку од правилната проценка, стручно избраната терапија, активното учество на пациентот и континуираното следење на напредокот.

Целта на центарот не е само да се намалат болката и ограничувањата, туку пациентот повторно да се движи посигурно, да ги користи рацете во секојдневието, да ја подобри рамнотежата и да се врати кон семејните, професионалните и социјалните активности. Современата рехабилитација значи враќање на функцијата и независноста, а не само спроведување серија процедури.

Најнови вести од: Македонија

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

Заострени закони, но хаос на улиците: Дали новите правила за електричните тротинети ставија ред во сообраќајот?!

Забележливи се многу тротинети низ градските улици, но дали и колку новата законска рамка внесе ред во сообраќајот? Наместо по велосипедски патеки, електричните возила се движат меѓу пешаците. Тоа го детектирала и полицијата, повеќе од половина од прекршоците направени со употребата на овие превозни средства, се токму за непрописно движење по пешачки површини. И заштитните кациги не се во масовна примена.

Колку се чека на Богородица за излез од Македонија?!

На граничниот премин Богородица претпладнево се чека од 15 до 30 минути за излез од Македонија, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како честите разговори со AI го менуваат човечкото однесување?!

Вештачката интелигенција одамна е присутна во научните истражувања и образованието, но нејзиното најзабележливо влијание врз секојдневието се случува во корисничките сервиси. Од онлајн продавници до здравствени установи, виртуелните агенти ја презедоа првата линија на комуникација со корисниците.

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

Најнови вести

To top