Македонија Хроника

(Фото галерија): Прашума или кејот на Скопје – Во што се претвори градкото место за рекреација?!

Обраснат со висока трева, искршени клупи, без ниту една корпа за отпадоци, искршени сите фонтани, во што ни прерасна градското место за рекреација?! Прашума, или некогашниот урбан лик на македонската метропола. Граѓаните се згрозени од сегашната гледка на кејот на Скопје, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на главниот град. За жал, сега […]

Обраснат со висока трева, искршени клупи, без ниту една корпа за отпадоци, искршени сите фонтани, во што ни прерасна градското место за рекреација?! Прашума, или некогашниот урбан лик на македонската метропола. Граѓаните се згрозени од сегашната гледка на кејот на Скопје, кој некогаш беше симбол на убавината и чистотата на главниот град. За жал, сега кејот на Вардар претставува срам за скопјани, запоставен и запуштен, велат оние кои често се рекреираат, и прашуваат дали Скопје има градоначалник.

Да биде трагедијата уште поголема, градскиот кеј нема ниту една фонтана, ниту пак корпи за отпадоци. Се живо е искршено и веќе го јаде корозија. Јавноста со апел до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор.

Речиси и да нема клупа да се седе, па така добар дел од нив се искршени, извадени, садовите за смет ги нема, а изметот од домашните миленичиња ретко кој го собира и го фрла во за тоа наменети канти. Буквално никој не може да среди она што лошите луѓе, главно младите, намерно го уништуваат.

Рекреативците, главно оние кои спортуваат, коментираат дека нема култура на добро однесување како во некои други земји, а малкумина, пак, на нивните деца им укажуваат дека тоа е заедничко и не треба да се уништува.

Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани. Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните, особено сега во пресрет на локалните избори 2025, реагира јавноста.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Мицкоски: Зголемен е бројот на странските инвеститори, што се задоволни од бизнис климата во државата и кои се подготвени да ја зголемат својата инвестиција

„За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори, бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада, како и сѐ друго, што е составен дел во таа борба за колку е можно подобра економија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски по работната средба со Советот на странски инвеститори.

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук.
Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво

Министерство за финансии: „Стоп“ за измамите на финансиските друштва за кредити со „нула камата“!

Министерството за финансии на Република Македонија во реализиран надѕор врз работењето на финансиските друштва  констатира одредени измамнички трговски практики, кои се однесуваат, меѓу другото,  на рекламирањето на финансиските услуги и други дејстваа од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите. „При надзорот констатирани се рекламирања со 0% камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци!“ – соопшти ова министерство денес.

Најнови вести

To top