Македонија

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

По повеќе од една деценија чекање, започнува реконструкцијата на Универзална сала, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Објектот беше затворен 11 години, односно од 2015 година, поради административни пречки и одложувања. Љутков информира дека постапката за избор на изведувач е успешно завршена, откако надлежната комисија ја одбила жалбата и го потврдила изборот на најповолна понуда.

  • По долги години чекање и административни пречки, денес со гордост објавувам: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија – истакна министерот Љутков.

Според него, со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи. Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е планирано да заврши до декември 2027 година.

  • Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани – нагласи Љутков.

Министерот додаде дека проектот е дел од подготовките на Скопје за апликацијата за титулата Европска престолнина на културата 2028.

  • Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации – посочи министерот, додавајќи дека ќе продолжи со транспарентна реализација на капиталните проекти во културата.

Новата Универзална сала ќе ја задржи постојната форма, но ќе биде целосно модернизирана со капацитет од 1.200 седишта, современа акустика и нови технолошки системи. Според тендерот, со цел да се подобри структурната стабилност на објектот и да се зголеми неговата енергетска ефикасност, планирано е да се изработи нова челична конструкција со нови темели за новите столбови, нова челична конструкција за куполата и нова фасадна облога. Исто така, предвидено е и покривање на куполата со нови енергетско-ефикасни материјали, како и проверка на јакоста на постојната бетонска и на употребливите елементи од постојната челична конструкција.

Инаку, Универзална е симбол на Скопје, со над 5.000 настани и над 5.800.000 посетители досега.

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

Претходно беше затворен за посетителите девет години, поточно откако во 2015 година се откорна парче од таванот и падна врз седиштата. Оттогаш, неколку пати започнуваше и беше прекинувана реконструкцијата.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

Повеќе од 16.000 граѓани ја напуштиле држават апреку „Богородица“ и „Табановце“

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

To top