Македонија

(Фото): Кога Скопје ќе го добие долгонајавуваниот БРТ транспорт?!

Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на современи нископодни автобуси на CNG или хибриден погон, воведување паметни станици и интегриран систем за управување со сообраќајот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека идниот систем за брз автобуски превоз (БРТ) ќе се движи по крајните сообраќајни ленти и нема да поминува низ средишното зеленило, со што, како што посочи, ќе се заштити водоснабдувањето на градот. Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски истакна дека Скопје прави значаен чекор кон воведување на модерен, еколошки и високо-капацитивен јавен превоз, кој треба да донесе побрзо и поефикасно движење низ градот.

  • „Она што е особено важно да се нагласи е дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што целосно се заштитува водоснабдувањето на Скопје. Напротив, системот ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот и останатиот сообраќај“, наведе градоначалникот.

Тој информира дека имал средба со проектантите на БРТ, на која биле презентирани техничките решенија и концептот на системот, кој функционира како „метро на тркала“ – со посебни ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.

Според Ѓорѓиевски, проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, како и набавка на современи нископодни автобуси на CNG или хибриден погон, воведување паметни станици и интегриран систем за управување со сообраќајот.

  • „Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето“, посочи тој.

Градоначалникот нагласи дека за разлика од претходните години, сега станува збор за „сериозно поставен и институционално заокружен проект“, со обезбедено финансирање.

  • „Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ“, додаде Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката, како и за процесот за набавка на 100 нови еколошки автобуси. Ѓорѓиевски оцени дека БРТ претставува стратешка инвестиција што ќе го намали сообраќајниот метеж и ќе воведе поголема ефикасност во јавниот превоз, со цел Скопје да се приближи до европските стандарди за урбана мобилност.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство

Двајцата премиери разговарале и за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем.

Мицкоски: Повторното воспоставување линија Скопје – Будимпешта e значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот

Повторното воспоставување на линија Скопје – Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот, објави премиерот Христијан Мицкоски по пристигнувањето во Будимпешта, каде, како што е најавено, ќе престојува во политичко-економска посета на Унгарија. -Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди – објави Мицкоски на Фејсбук.

(Фото): Владата посветена на обезбедување континуирана поддршка за сите општини

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, во Општина Новаци се финансираат три проекти во вредност од 8.414.556 денари, додека пак преку Инрегег ИПА Програмата со Република Грција се имплементира Проектот TOUR-HUB – Дигитално унапредување на културното наследство и туризмот, во вредност од 342.542 евра.

Апелација ги зголеми казните за 13-те велешани, осудени за силување девојче на возраст под 14 години!

Апелацискиот суд донесе одлука за зголемување на затворските казни на сите 13 осудени лица од Велес за сексуално злоставување на девојче под 14 години. Првичната пресуда беше донесена од Кривичниот суд во ноември 2024 година. Случајот предизвика силни реакции во јавноста поради првично ниските казни и одлуката на судот да дозволи гаранција за првообвинетиот на почетокот на процесот. 

To top