Македонија

Фото на денот: Силјановска-Давкова на прием кај Доналд и Меланија Трамп

Претседателот на САД и сопругата организираа прием за 80. Генерално собрание на ОН, на кој присуствуваше и шефицата на македонската држава

Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова присуствуваше на приемот што го приредија претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија.

„Ми претставуваше чест да присуствувам на приемот што го приредија Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.

Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат.

Благодарност за гостопримството!“, се вели во објавата на Силјановска-Давкова на Фејсбук за приемот на кој присуствуваа 145 шефови на држави и на влади.

Најнови вести од: Македонија

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top