Македонија

(Фото): Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети шивалната на затвореничките во „Идризово“

Идејата е затворите да бидат економска единица што ќе прави приход, не само за затворот, туку и за целиот затворски систем и за државата, велат надлежните. Претседателката рече дека на крајот од посетата си купила неколку креации за кои рече дека ќе ја потсетуваат не само на луѓето што ги сретнала, туку и на тоа дека мора да се работи на подобрување на условите за затвореничките.

Првиот човек на Управата за извршување на санкции Александар Пандов вели дека се прават промени во затворскиот систем со кои затворениците наместо само да ги одлежуваат казните, преку работа и учење занает да станат корисни членови на општеството.

  • „Работата е најдобра ресоцијализација. На тој начин им даваме занает и начин како кога ќе излезат од затвор да приходуваат за сопствениот живот, а да не се враќаат на криминалот“, истакна Пандов.

Пандов рече дека идејата е затворите да бидат економска единица што ќе прави приход, не само за затворот, туку и за цел затворски систем и за државата. Според Пандов, веќе се придвижени работите и почнато е со производство на јајца и изградена е фарма, која до неодамна не постоело во системот. Со втората фаза од реконструкцијата на „Идризово“ следната година, Пандов рече дека се предвидени за изградба и објекти за столарија и металургија.

Планирано е и затворот сам да произведува облека за затворениците, униформи за затворската полиција и постелнини. Пандов нагласи дека целта на кривичната санкција не е само затворениците да ја одлежат казната, туку активна подготовка за животот по затворот.

  • „За жал, сега доаѓаат да ја одлежат пресудата, а не да ја одработат. Ќе направиме сè да го смениме тоа. Самите затвори треба да го произведуваат она што им е потребно“, нагласи директорот.

Со Пандов во посета на „Идризово“ беше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа го посети женското одделение, каде што функционира шивачка работилница, да го види работниот процес на осуденичките.

  • „Осуденичките ме запознаа со нивните работни активности, мотивацијата и желбата за работа, инспирацијата и стекнатите вештини, и лично ги претставија своите изработки – торби, марами и несесери коишто се продаваат надвор од затворот под логото ‘везење надеж зад решетки’“, кажа претседателката.

Таа рече дека од разговорот што го имала со затвореничките јасно е дека работата го разбудила најдоброто кај нив, креативното.

  • „Тоа е вистинскиот модел на ресоцијализација. Секој мора да има втора шанса во животот, дури и кога ќе згреши“, рече таа.

Претседателката додаде дека на крајот од посетата си купила неколку креации за кои рече дека ќе ја потсетуваат не само на луѓето што ги сретнала, туку и на тоа дека мора да се работи на подобрување на условите за затвореничките.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top