Македонија

(Фото): Скопје како „Новoгодишна зимска бајка“ – магија во главниот град

На скопскиот плоштад „Македонија“, во присуство на жители на главниот град и граѓани од целата држава, вечерва свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што и официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември.

Со празнични песни, балетски точки и интересна програма пред неколку стотина посетитители, блесна новогодишната елка во центарот на Скопје – со ова започна вистинската магија во главниот град.

Вечерва на плоштадот Македонија беше осветлена новогодишната елка, со што Скопје и официјално блесна во празнично руво.

Градоначалникот на Скопје најави дека и тој ќе ја пречека новата година на плоштадот, заедно со сите присутни граѓани. Според него, пристигнувањето на новата 2026 година нема да биде одбележано со огномет. За иницијативата на „Зелен хуман град“ за забрана на огномети, додаде дека Градот не е надлежен за ова прашање. Главниот град ќе остане накитен до 18 јануари.

Копчето со кое беа активирани светилките на елката симболично го притисна градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Претходно на настанот настапи хор составен од десетици деца од повеќе скопски училишта кои изведоа празнични песни, а присутните на плоштадот имаа можност да уживаат и во балетска претстава.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на прес-конференција заедно со неколку македонски пејачи ја претстави програмата за новогодишната прослава во главниот град.

Рече дека целта на новогодишната програма е Скопје да се позиционира како современа европска метропола со континуирана и разновидна празнична содржина за сите генерации.

Како што беше кажано, во периодот од 15 до 31 декември, од 18 часот, граѓаните ќе можат да уживаат во богата програма со музички настапи, диџеј-сетови и уметнички изведби.

Централниот дел од програмата почнува на 27 декември во соработка со Државната лотарија на Македонија, каде што ќе учествуваат и средношколски бендови од сите средни училишта од Скопје, додавајќи дека негова желба оваа година е сите настапи да бидат од македонски изведувачи.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

To top