Македонија

(Фото): Скопје на петто место по загаденост во светот

Со над дваесет пати гоголеми вредности на најштетните ПМ честички според просекот на СЗО и оценка дека воздухот не е здрав за вдишување, Скопје сега е трет град во светот по параметрите на загаденост, покажуваат податоците од платформата IQAir.

Скопје денеска е мешу најзагадените градови во светот покажуваат официјалните мерења квалитетот на амбиенталниот воздух. Според  IQAir денеска во 14.45 часот Скопје се наоѓа на петтото место по загаденост а на кратко беше и меѓу првите три.

Позагадени градови од Скопје денеска се Лахоре во Пакистан, Сараево во БиХ, Колкута и Њу Делхи во Индија.

Листата на топ 10 најзагадени градови ја заокружуваат градови од Кина и Пакистан, што значи дека Скопје по Сараево е најзагаден европски град денеска.

Од Државниот инспекторат велат дека тоа што за зголемени параметри се говори дури во средината на декември говори дека надлежните превземаат чекори, но сепак сметаат дека проблемот со загадувањето не може да се реши преку ноќ и неопходен е сеопфатен пристап од голем број на институции.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top