Македонија

(Фото): Срам за Скопје: Високите глоби решение за чист град?! „Комуналец“ казнет со 88.000 евра

Срам за Скопје. Вака може да се опише сликата на главниот град, кој се „дави“ во ѓубре и смрдеа. По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на […]

Срам за Скопје. Вака може да се опише сликата на главниот град, кој се „дави“ во ѓубре и смрдеа. По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.

Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Дополнително, жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до Општината со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец.

  • Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба!, изјави в. д. градоначалникот Дејан Митески и додаде дека Општина Аеродром нема да дозволи да биде заложник на нечија неспособност и неодговорност!

Тој ги повика надлежните од „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за чиста животна средина и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.

  • Општината ќе продолжи со засилен надзор и санкции за секој што не ја извршува својата работа. Аеродром заслужува чиста, уредна и достоинствена животна средина! Остануваме транспарентни и на страната на граѓаните!, кажа тој.

Во меѓувреме, за ѓубрето реакција имаше и градоначалникт на Чаир, Висар Ганиу. Преку видео алармираше од недостаток од контејнери.

  • „Бројката на контејнери не е намалена – старите, мали садови се заменети со нови, поголеми и со значително поголем капацитет. Значи, зборуваме за зголемување на капацитетот, а не за намалувањe“, му вратија од Комунална хигиена.

И додека на пеколни температури институциите си ја префрлаат топката кој е виновен, граѓаните се тие што страдаат и се гушат во смрдеа, но и еден куп отрови кои испаруваат на плус 40 степени. Па така, дали казните за комуналните претпријатија се лекот за здрава животна средина и Скопје без ѓубре, барем за сега, никој не може да каже.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top