Македонија

(Фото): Ставен под контрола пожарот во близина на црквата „Свети Спас“

Од фотографиите што се споделија на социјалните мрежи се гледа дека до скоро гореа стари објекти што се наоѓаат веднаш спроти влезот на црквата „Свети Спас“, одделени со тесна улица. Сега состојбата е под контрола, пожарникарите завршија работа.

Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“ на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид.

  • Во 19:43  часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени трои противпожарни возила кои со самото пристигнување затекнаа пожар во развиемна фаза .пламените јазициу беа илезени надвор од кровната конструклција и од габаритите на самиот објект, изјави Звонко Томевски, командант на ППЗ Скопје.

Потоа, како што наведе тој, испратени се дополнително уште две возила и на лице место се 20 пожарникарио кои интервенираат.

  • Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот, рече Томевски.

Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.

Според неофицијални информации во опжарената куќа најчесто се собирале бездомни лица.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top