Македонија

Гаши го проследил барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната Комисија

Додаваат дека доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски.

Одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев до Собранието бара мајката на тешко повреденото девојче во сообраќајната несреќа, во која учествуваше Јанчев.

Мајката Богица Тодоровска во барањето адресирано до претседателот на Соранието, Африм Гаши, како причини наведува индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет.

Од Собранието на прашање на Курир одговорија дека Гаши го проследил доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Јанчев.

-Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган, и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми. Во оваа насока, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање, стои во одговорот од Кабинетот на Гаши.

Додаваат дека доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски.

Најнови вести од: Македонија

45 жртви, а Спасовски си молчел: ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања за техничкиот преглед на автобусот на „Беса транс“

ВМРО-ДПМНЕ упати сериозни обвинувања кон пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврдејќи дека како прв човек на МВР правел злоупотреби наместо да ги спречува и дека профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на „Беса транс“, кој се запали во Бугарија, при што загинаа 45 македонски граѓани.

To top