Македонија

Гаши: Мора да прекине пристапот дека Собранието е машинерија за изгласување закони и да се намали нивниот број по скратена постапка

Зборувајќи за работата на Собранието на Република Македонија, неговиот претседател Африм Гаши изјави во интервјуто за Македонската информативна агенција – МИА дека, врз основа на истражување на јавното мислење, за првпат после десет години има подобрено гледање на граѓаните за Собранието. Тој укажува дека треба да се намали бројот на закони по скратена постапка, што се предлагаат, и оти на тоа постојано ќе посочува.

Според Гаши, едно од решенијата за намалување на бројот на закони по скратена постапка е календарот за работа на парламентот, што треба да се донесе во јануари, така што Владата, предлагачите на законите, но и министерствата и администрацијата, ќе можат да ги планираат кога да ги достават законите до Собранието. „Веднаш планираме во јануари да донесеме календар. Ќе предложиме на координација календар на активности и на пленарни седници, по кои ќе комуницираме со Владата, и тие ќе знаат точно кои месеци, кои денови точно ние планираме пленарни седници. Кога сакаат да им се донесе закон, ќе знаат точно кога да го пратат. И ќе треба сензибилизација. Не е работата само до Владата. Имаме неквалитетна, или недобра култура во однос на меѓуинституционалната работа меѓу ресорите и службите што, работат во министерствата и во Собранието. За 34, 35 години така се научени побрзо да ги завршат работите. Мислат дека Собранието треба да биде гласачка машинерија за донесување закони. Тој пристап мора да се смени. Законите треба да се донесуваат во редовна постапка, за да има можност за поголема вклученост на експертската јавност.“ – нагласува собранискиот претседател Африм Гаши.

На прашањето дали очекува да го заврши собранискиот мандат како претседател на Собранието, имајќи ги предвид новите позиционирања во политичките кампуси, по локалните избори и најавите за нови промени до пролет, Гаши вели дека тоа е најмалку важно за него.

„Не се оптоварувам со тоа, не е битно јас кај ќе бидам. Битно ми е додека сум во таа улога, да дадам сè од себе таа функција да биде издигната, надоградена, достоинствена и секој нареден, кој ќе дојде после мене, да му биде полесно, да имаме подобра институција, што ќе биде во служба на граѓаните.“ – одговара Гаши.

Во однос на коалицијата Вреди тој е убеден дека многу брзо ќе прерасне во голема партија. „Коалицијата Вреди добро функционира. Идејата да стане една партија е многу  активна. Таа може да се случи набрзо. Тоа го знам од информациите, нормално со моите пријатели. Тоа е најдобриот пат, кон кој треба да се движи нашата коалиција. Граѓаните се уморни од поделби, од политички партии. Сакаат да видат сигурност и сплотеност, сакаат да видат дека политичарите и лидерите можат да се надминат себеси. Дека не е битката кој ќе биде претседателот, туку на кој пат одиме, кои вредности ги претставуваме, за што се ангажираме и за што се бориме. Ако вака ги гледаме работите, убеден сум дека многу брзо ќе дојдеме до ена голем политичка партија. Ќе биде потоа помалку важно кој ќе биде претседателот, кои ќе бидат членовите итн. Има значително елементи на сплотеност за овие две години. Треба да ѝ се додаде енергија на сплотеноста и Вреди да стане една политичка партија.“ – напомнува Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината. Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за […]

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Најнови вести

To top