Македонија

Гаши: Политиката да не се меша во судството – нема коментар за Груби

Гаши, како што истакна, не смета дека враќањето на Груби е политичка одлука.

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска изјави дека политиката не треба да се меша во работата на судството и дека, како прв човек на законодавниот дом, нема да коментира за враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, кој е осомничен за злоупотреби. Гаши нагласи дека не сака да се меша во политички одлуки што би можеле да влијаат врз опозициските партии или коалицијата „Вреди“, но ја повтори својата принципиелна порака за независност на институциите.

„Собранието и јас како негов претседател не е добро да коментирам политички одлуки, но она што сум го изјавил јавно и што е принципиелно и можам да го повторам е тоа дека е крајно време да престанеме да се мешаме во судството. Таа перцепција кај граѓаните дека има некаков договор остава лошо чувство кај сите граѓани, така што мојата порака би била, конечно, секоја институција да си ја врши својата работа, во овој дел судството и Обвинителството. Има процес, нека си ја вршат својата работа совесно и професионално. Тоа ќе биде доволно сите граѓани да бидат задоволени. На крајот на краиштата, битна е правдата“, изјави Гаши.

Тој додаде дека не мисли оти враќањето на Груби е политичка одлука и дека нема никакви информации за тоа: „Немам никакви информации, не можам да тврдам нешто што не го знам“.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top