Македонија

Газдата на „Дурмо турс“ се пријави во затворот „Идризово“

Дурмиш Белули ќе го започне издржувањето на затворската казна од 10 години, изречена поради тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули,вчера  се пријави во затворот „Идризово“ за да го започне издржувањето на затворската казна од 10 години, изречена поради тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци.

Во несреќата, по превртувањето на технички неисправен автобус загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени, објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК).

Информацијата за СДК ја потврди директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски.

 

Извршувањето на казната беше повеќепати одложувано поради здравствени причини. На почетокот на декември 2025 година, Белули доби уште едно одложување, откако достави медицинска документација дека треба да биде подложен на уште една хируршка интервенција, по претходна операција извршена во октомври истата година. Одлуката за одложување важеше до средината на декември.

Во меѓувреме, Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на „Дурмо турс“, кој, исто така, беше осуден на 10 години затвор за истата несреќа исчезна и по него е распишана потерница.

И Белули и Мифтари добија правосилни пресуди на 9 мај 2025 година, кога Апелациониот суд во Скопје значително им ги зголеми казните – на Белули од четири на 10 години, а на Мифтари од шест на 10 години затвор.

 

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top