Македонија

Газдата на изгорената дискотека „Пулс“ понуди гаранција

Јованов е првообвинет за кочанската трагедија во која загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени

„Во гаранцијата влегува целокупниот недвижен имот што е на име на Дејан Јованов, а дополнително е додаден и имот од член од семејството. Гаранцијата е поднесена во петокот, се чека оваа недела да биде одлучено. Сметаме дека гаранцијата е повеќе од доволна за да го обезбеди неговото присуство, дотолку повеќе што во оваа постапка веќе се прифатени гаранции и за други сообвинети лица, а со тоа очекуваме еднаква примена на Законот и фер судење и за Јованов“ вели неговата адвокатка Ивана Коцевска за „Слободен печат“.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека до нив стигнала предлог гаранциа од над 12 милиони денари  во недвижен имот за Јованов. Предлогот сега треба да се прати на мислење во Јавното обвинителство, па потоа Судот ќе донесе одлука дали се прифаќа гаранцијата.

Јованов е првообвинет за кочанската трагедија во која загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Огнената стихија запре

  Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати. Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, […]

To top