Македонија

Георгиевски: Македонците се најголеми Титови Југословени!

Експремиерот и „потпретседател на претседателот“ во својата најнова ментална гимнастика пак им најде мана на Македонците

Некогашниот премиер Љупчо Георгиевски во мисија да ја збогати науката со „македонскиот парадокс“?!

Македонски логички парадокс!

-Македонците се најголеми титови југословени.
-Србите се најголеми негатори и критичари на титова југославија.
-Македонците се најголеми фанови на Србите.
Логиката како наука има дефинирано повеќе типови на логички парадокси крајно време е да ја збогатиме науката со македонскиот парадокс“, вели лидерот на ВМРО-Народна партија во полуписмена објава на Фејсбук, во која Србите ги пишува со голема почетна буква, наспроти Југославија и Југословени…
На што го темели, пак, ставањето на сите Македонци во ист кош (протитовски/пројугословенски/просрпски) не објаснува поранешниот „потпретседател на претседателот“, во случајот Киро Глигоров (а не на државата Република Македонија).

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top