Македонија

Героски: Со “златна виза” во џебот, од Филипче лидер не бидува

„Основен политички и етички критериум еден човек да се квалификува за лидер на политичка партија, да учествува на избори и да се бори за власт, е да живее во Македонија и – за Македонија. Во својата земја да работи и да плаќа данок. Со својот народ да дели и добро зло. Да биде дома“, вели […]

„Основен политички и етички критериум еден човек да се квалификува за лидер на политичка партија, да учествува на избори и да се бори за власт, е да живее во Македонија и – за Македонија.

Во својата земја да работи и да плаќа данок. Со својот народ да дели и добро зло. Да биде дома“, вели новинарот Бранко Героски во денешната колумна на „Плусинфо, откако лидрот на СДСМ самиот соопшти дека поседува „златна виза“ од Дубаи.

(…)

Не е спорно и тоа дека секој наш иселеник во дијаспората, или на привремена работа во белиот свет, има легитимно право да биде политички активен, да гласа на македонските избори и да биде избран за пратеник.

Но, човек со мисла да си замине од својата земја, сепак не може да биде партиски лидер, некој што претендира да стане премиер или шеф на државата.

Со една нога надвор од Македонија, не се станува партиски лидер. Со „златна виза“ во џебот, која му овозможува трајно да се исели од земјата што сака да ја води, не се станува иден премиер или претседател.

Во таков човек, едноставно, немаме доверба. И – точка!, дециден е Героски.

Тој потсетува на една , како што вели, „славна“ изјава на Стево Пендаровски – онаа дека кога не би бил претседател, би си заминал од Македонија – го чинеше политичка кариера.

Сега, пак, дознаваме дека Венко Филипче, актуелниот лидер на СДСМ, сепак имал „златна виза“ за Дубаи. Претходно јавно тоа го негираше.

Преговарал за некаква болница, пред да стане пратеник и партиски лидер, но сега сето тоа било, како што вели, „на стенд бај“.

Да му веруваме на збор? Еве, јас му верувам, но имам сериозни дилеми со неговиот чуден исказ.

Што му значи тоа – на стенд бај?!

Значи ли тоа дека Филипче не сакал да ја врати својата „златна виза“? Да ја врател, некако ј да му поверуваме дека сега, како пратеник и партиски лидер, сака да се посвети на Македонија.

Значи ли тоа дека СДСМ, всушност, има лидер на стенд бај?!

Што се случува, побогу, со луѓево на Бихаќка?!- прашува Героски.

 

Лидерот на СДСМ призна дека има ,,Златна виза” за Дубаи

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top