Македонија

Ѓоргиевски има јасна визија и план за решавање на сообраќајниот хаос во Скопје

Првиот чекор е активирање на закочените проекти за реконструкција и проширување на главните булевари

Сообраќајниот хаос е проблем кој скопјани секојдневно го чувствуваат, од долгите колони и изгубеното време, до недостигот на паркинг и несредените улици. Решението нема да се случи преку ноќ, но имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, во интервју за „Нова Македонија“.

– Првиот чекор е активирање на закочените проекти за реконструкција и проширување на главните булевари, крстосници и изградба на нови сообраќајници за подобра поврзаност меѓу населбите. Особено ќе се вложи во изградба на нови кружни текови и мостови, меѓу кои и новороектираниот, кој ќе ги поврзува Ново Лисиче кај последна петка и општина Гази Баба и улицата Перо Наков, а ќе бидат ставени во функција и мостот во близина на салата на МЗТ Скопје кој го поврзува Булеварот АСНОМ во Општина Аеродром со булеварот Александар Македонски, како и мостот на Љубљанска во општина Карпош кој ги поврзува Карпош IV со локалитетот Скупи како и со населените места Бардовци и Злокуќани. Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град. Второ, паркирањето мора да излезе од хаосот во кој се наоѓа денес. Затоа планирам изградба на катни гаражи на повеќе клучни локации за да го ослободиме јавниот простор и да донесеме ред во централното градско подрачје и населбите – изјави Ѓоргиевски.

Секако, додава тој, вистинските и одржливи решенија се раѓаат кога ќе се вклучи и гласот на самите граѓани.

– Јас во целиот овој период сум во директна комуникација со жителите од различни делови на градот, и токму тие најдобро знаат каде сообраќајот се „гуши“, каде недостига пешачки премин, каде е неопходна нова улица или паркинг. Тоа се практични предлози што луѓето ги нудат затоа што секојдневно се соочуваат со тие проблеми, и тие решенија заслужуваат да бидат преточени во реални проекти. Никој подобро од граѓаните не го познава сопствениот маалски проблем и затоа нашата стратегија е тие идеи да се слушнат, да се дообмислат со стручни тимови и да станат дел од конкретни мерки што ќе ја олеснат секојдневната мобилност. Затоа планираме изградба на катни гаражи на критичните локации, особено околу болниците, училиштата и централните урбани зони каде хаосот со паркирањето е секојдневие. Паралелно, ќе се отвораат нови паркинг-простори на досега неискористени локации, по моделот што веќе го применивме во Кисела Вода, каде од депонии создадовме уредени паркиралишта. Ќе се ревидираат сообраќајните решенија на најкритичните крстосници, ќе се отвораат нови пристапни улици и врски меѓу населбите, за да се намали метежот и луѓето побрзо да стигнуваат до својата дестинација. Сето ова, во комбинација со нови пешачки и велосипедски патеки, ќе создаде порамномерна и побезбедна распределба на сообраќајот. Со јасна стратегија, нови инвестиции и вистинско партнерство со граѓаните, можеме Скопје да го претвориме во град со современ, безбеден и ефикасен сообраќаен систем кој ќе одговара на потребите на денешницата – објаснува Ѓоргиевски.

Во поглед на загадувањето на воздухот во зимскиот период, тој најавува конкретни чекори кои ќе донесат видливи реултати.

– Првиот и најзначаен чекор е воведување мерки за поголема контрола и надзор врз индустријата и загадувачите, со строги санкции за непочитување на еколошките стандарди. Истовремено, ќе се развива систем за редовно мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации низ градот, како што веќе го направивме во Кисела Вода, што овозможува точни и навремени податоци за преземање на конкретни мерки. Како следен чекор е трансформирањето на големите депонии како што е депонијата Вардариште во модерни паркови, простор за рекреација, спорт и одмор за сите генерации. Зелените површини се столб во борбата против загадувањето. Планирам садење на дрвореди покрај сообраќајниците, како и проширување на постоечките паркови. Зеленилото не само што го прочистува воздухот, туку создава и квалитетно живеалиште за граѓаните, простори за рекреација и одмор.

Најнови вести од: Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот, Светлана Колариќ, во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

To top