Македонија

Ѓорѓиевски: Божиќ нѐ потсетува колку е важно да стоиме еден до друг, сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството!

„Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија.“ – порача во својата честитка по повод Божиќ градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Натаму во објавата на општествената мрежа Ѓорѓиевски истакнува: Божиќ е и најрадосниот празник, празник на Христовото раѓање, празник на животот, надежта и љубовта.

Тоа е ден кога срцата се отвораат, а добрината станува наша најсилна порака. Денес, во духот на овој свет празник, присуствував на Божествената литургија во Соборниот храм, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Молитвата, заедништвото и духовниот мир уште еднаш нè потсетија на силата на верата и значењето на единството. Посакувам во секој дом да има многу љубов и здравје, мир, среќа и бериќет. 

Нека секој нов ден биде благословен со успеси, спокој и верба во подобро утре. Да бидеме добри луѓе, со чисто срце, со разбирање и почит еден кон друг.

Да простуваме полесно, да сакаме повеќе и да не заборавиме дека вистинската сила се раѓа во добрината и човечноста. Да останеме сплотени, со меѓусебно разбирање и топлина во семејството, затоа што токму тоа е темелот што нè носи низ сите препреки и предизвици на нашите животни патеки.

Нека светлината на Христовото раѓање ги осветли нашите домови и срца. Честит Божиќ. За многу години! – порача градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top