Македонија

Ѓорѓиевски ги објави имињата на новите директорите на јавните претпријатија

Четирите јавни претпријатија во Скопје добиваат нови вршители на должноста директори. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вечерва ги објави нивните имиња.

Четирите јавни претпријатија во Скопје добиваат нови вршители на должноста директори. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вечерва ги објави нивните имиња.

Во ЈП „Улици и патишта“ за директор е предложен Борис Настов, кој ја вршеше оваа функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, додека во „Водовод и канализација“ ќе дојде Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на општина Кисела Вода.

Како што најави Ѓорѓиевски, во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) ќе биде поставено лице со долгогодишно искуство во претпријатието, а во „Комунална хигиена“ – професионалец од комуналниот сектор во Град Скопје.

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен директор кој исклучително добро се покажа изминатиот период за време на акцијата 72 часа. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил експониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше кој работи долги години во ова претпријатие, има искуство и ги разбира процесите, соопшти Ѓорѓиевски за емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Градоначалникот категорично негираше дека некогаш изјавил оти ќе ги приватизира јавните претпријатија. Напротив, најави дека ќе работи на зајакнување на нивните капацитети и ќе се стреми кон нивна самоодржливост.

Сметките за граѓаните, истакна тој, нема да поскапат. – Така сум ветил во кампањата, рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top