Македонија

Ѓорѓиевски, Муцунски и Љутков на координација за Скопје – Европска престолнина на културата 2028

Скопје заслужува да биде претставено силно, достоинствено и современо

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остарил средба со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

-Скопје кон Европа! Заедничка стратегија за презентацијата во Брисел – „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”. Денес во Министерството за надворешни работи остваривме продуктивна и стратешки важна средба со министерот Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков, целосно посветена на координацијата околу претстојната институционална презентација во Брисел за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, објави градоначалникот на Фејсбук.

Тој посочи дека оваа средба е јасен сигнал дека имаат план и дека работат синхронизирано, со чиста визија и енергија.

-Зацврстуваме стратегија, градиме прецизна комуникација и создаваме заеднички фронт со европските партнери, затоа што Скопје заслужува да биде претставено силно, достоинствено и современо. Со ова покажуваме и дека сме целосно посветени на процесите, на целите и на европските стандарди што ни се водилка, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека нивната задача е јасна: „Скопје да го поставиме високо на европската културна мапа, таму каде што му е местото“.

-Продолжуваме активно, одговорно и со обединета визија. Го зајакнуваме патот на Скопје кон европските практики и ја вреднуваме нашата културна иднина со работа, со посветеност и со верба дека оваа приказна ќе биде успешна и препознатлива. Скопје 2028 е иднината што ја градиме заедно, објави Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top