Македонија

Ѓорѓиевски: Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар, на „Момин Поток“ се работи со полна пареа! (ВИДЕО)

Скопје пишува нова страница во својата историја

Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар – на „Момин Поток“ се работи со полна пареа! Со забрзано темпо се реализира еден од најзначајните инфраструктурни зафати во градот, клучката „Момин Поток“, заедно со изградбата на булеварот „Никола Карев“, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Во моментов, во напредна фаза е поставувањето на атмосферската канализација, сместена во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“. Овој сегмент е клучен за безбедна, современа и долгорочно одржлива сообраќајна инфраструктура, истакна тој.

Паралелно, се работи и на левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се одвива сообраќајот од раскрсницата со булевар „Словенија“ директно кон клучката „Момин Поток“, создавајќи побрза и поефикасна врска меѓу важни градски артерии.

-Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови.Скопјани заслужуваат, порача градоначалникот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top