Македонија

Главниот штаб донесе нови мерки за водоснабдување во Гостивар

Армијата стави цистерни во приправност

Главниот штаб при Центарот за управување со кризи донесе нови мерки за справување со проблемот со водоснабдувањето во Гостивар. Македонската армија ги стави во приправност цистерни за техничка вода, а повеќе општини ќе помогнат во нејзината дистрибуција.

Согласно резултатите од анализите на Институтот за јавно здравје, водата во Гостивар моментално е неисправна и за пиење и за техничка употреба. Граѓаните се повикуваат строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатамошно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа.

На денешната седница на Главниот штаб, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, биле разгледани состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар и биле донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Главниот штаб ја задолжил Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дистрибуција на техничка вода за објектите од витално значење.

Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ќе ги доставуваат до Главниот штаб.

Македонската армија ги стави во приправност двете цистерни за дистрибуција на техничка вода, кои ќе бидат ангажирани доколку Центарот за управување со кризи процени дека е потребно. Општините Куманово, Тетово, Дебар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со свои цистерни за потребите на граѓаните на Гостивар.

Во согласност со одлуката на Владата, Службата за општи и заеднички работи ќе продолжи со дистрибуција на вода за пиење до граѓаните на Општина Гостивар.

Од Центарот за управување со кризи апелираат до сите жители на Гостивар доследно да ги почитуваат препораките и да ги следат официјалните информации што ќе бидат објавувани во текот на денот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top