Македонија

„Го слушаме гласот на членството“: Мицкоски за првите одлуки на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот состав на Извршниот комитет именува претседатели на повеќе комисии и распиша оглас за нови шефови на други тела

Неодамна избраниот нов состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја одржа својата прва седница, за чии одлуки информира лидерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии. За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам е Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
Промени. Го слушаме гласот на членството.
Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, објави Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top