Македонија

Голем одрон кај село Колари на патот Кичево-Гостивар

Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.

Наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри од утрово во 07 часот е воведен на патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.

Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.

Истовремено АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка  воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

„ Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – велат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно потсетуваат дека во сила сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top