Македонија

„Голема чест, признание и радост“: Академик Стојков за наградата „23 Октомври“

Борецот за првата на Македонците во Бугарија јавно се заблагодари што се најде меѓу добитниците на државното признание

Борецот за правата на Македонците во Бугарија, академик Стојко Стојков, изрази јавна благодарност што се најде меѓу добитниците на годинешната државна награда „23 Октомври“.

„За мене е голема чест, признание и радост одлуката да ми се додели високата државна наградата „23 Октомври“ за книгата Табу, Време на страв и страдање – прогонувањето на Македонците во Бугарија за време на комунизмот (1944 – 1989), што излегува во неколку тома во издание на Матица Македонска.
Со оваа награда не само се наградува мојот долгогодишен труд, но исто така тоа е признание и оддавање почит кон сите Македонци кои поминаа низ комунистичките затвори во Бугарија, страдаа, беа малтретирани и маргинализирани затоа што беа и останаа Македонци.
Согласно чл. 4 од Законот за државни награди: „Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.“
Наградата се доделува на 23 октомври во Народното собрание на Македонија, на Денот на македонската револуционерна борба. Имајќи предвид темата, за страдалниците – најсоодветен ден“, објави на Фејсбук копретседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и од минатата година член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Најнови вести од: Македонија

To top