Македонија

Голема загуба за СДСМ, членовите бараат Земон да остане на Бихаќка

Навистина партија губи еден добар партиски другар и квалитетен кадар во ИО…

Рубин Земон добива силна поддршка на Фејсбук по поднесената оставка

По поднесената оставка од Извршниот одбор на СДСМ, поради реакциите на неговите изјави поврзани со Гоце Делчев и фотофрафијата со буграските негатори на Македонците од ФондацијатаМакедонија, на Фејсбук профилот на Рубин Земон пристигнуваат бројни коментари со поддршка.

Многу граѓани го охрабруваат да не се повлекува, го нарекуваат храбар и принципиелен, а дел од нив директно бараат негово враќање во партиските структури.

Коментарите често содржат пораки како „Не се откажувај“, „Ти си потребен“, „Поддршка за Рубин“ и слични изрази на солидарност.

Меѓу тие што го поддржуваат е и познатиот новинар Бранко Тричковски.

,,Не се повлекувај, бе, купи си аутан или посади рузмарин во дворот, тоа ќе те спаси од комарците на вмро, а ти ќе можеш да ја продолжиш борбата до победата. Не ја спуштај вербата во својата вредност и својата моќ”, му пишува Тричковски на Земон.

Јавноста на социјалните мрежи покажува поделени мислења околу контроверзата, но кај поддржувачите на Земон преовладува ставот дека неговата оставка е непотребна и дека тој треба да продолжи активно да се ангажира во политичкиот и општествениот живот.

Оваа реакција на Фејсбук доаѓа само неколку дена откако Земон, познат етнолог и поранешен пратеник, ја објави одлуката за повлекување, што предизвика лавина од реакции и во медиумите и кај граѓаните.

Дали поддршката ќе влијае на неговата конечна одлука, останува да се види.

Оставката да не се прифаќа. Голема загуба за СДСМ е негово одење од ИО, вели еден член на партијата.

Кој му пресуди на функционерот на СДСМ

Кој е Виктор Стојанов? Бугарскиот провокатор кој „му пресуди“ на Рубин Земон (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top